Охридската полиција констатирала дека во нападот врз Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, бил употребен пиштол, пишува „А1он“.
Неофицијално, ова е утврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде што се случи инцидентот.
Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во времето кога Топалоски бил нападнат.
Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.