До темел изгоре бараката на скопското претпријатие „Улици и патишта“. Канцелариите на оваа институција се пеплосани, а документите изгорени. Директорот на претпријатието, Борис Настов очекува уште утре со помош на градските власти и другите претпријатија да се најде времена канцеларија.
Во моментов преземаме мерки да обезбедиме просторно решение за нормално функционирање на претпријатието, велат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.
Огнот го гаснеа 19 пожарникари. Хидрантите во бараката не работеа, а пожарникарите ги користеа оние на Водовод, вели командантот на скопската пожарна Владимир Симоновски. Пред институцијата ќе дежураат пожарникари за да спречат евентуално ново ширење на пожарот. Пожарот не избил од бараките, туку огнот се раширил откако пожар избил во автомобил паркиран пред бараката.
Интервенцијата траеше заради тоа што имавме сериозен проблем околу настанувањето, причинител се возилата коишто беа паркирани до самата барака од коишто е зафатена бараката. На бараката има правено некоја нова кровна реконструкција и ни претставуваше посериозен проблем за влегување во самата барака, нејзиното сечење и отворање – рече Владимир Симоновски, командант на противпожарна бригада Скопје.
Огнот од запалениот автомобил го зафатил и автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски, кој бил паркиран веднаш до него. Тој во телефонски разговор за Алсат вели дека неговиот автомобил бил колатерална штета.
Не мислам дека јас сум некаква мета на напад, верувам дека моето возило е колатерална штета во пожарот – рече обвинителот Бубевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.