Снимка на која се гледа како непознати луѓе подметнуваат пожар била доставена до редакцијата на „Канал 5“. Очевидци за телевизијата изјавиле дека на терен нема никој од надлежните, па несовесните подпалувачи слободно го напуштиле местото, а пожарите почнале да се шират низ Националниот парк Маврово.

Големи пожари на Шар Планина на неколку места горат веќе неколку дена, а најкритично е над селото Лисец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.