Триесет и едногодишна жена од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово.

Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишна жена од ова село, која дваесетина минути пред тоа во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.