Вчера попладне од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.

Повредениот бил донесен во Градска општа болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов“, општина Чаир, слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.

Од страна на полициски службеници било разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.