Судот не го прифати барањето за иззамање на вештакот Борис Тунџев во случајот „Топлик“. За судот не е спорно што тој е финансиер на СДСМ, а неговата ќерка е на листата за советници од владејачката партија за локалните избори и е поранешна вработена во СЈО.

Одбраната сметаше и дека тој како актуелен директор на Катастар не може да биде вештак бидејќи е назначен од владата која во случајот се јавува како оштетена страна.

Не постојат основи за изземање на вештакот, судот смета дека тој е независен, изјави судијата Осман Шабани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.