Пет слики на Личеновски, две на Мартиноски и една на Коџоман виселе на ѕидовите на станот на Бојан Јовановски во Орман.
Имаше изложено осум дела, за кои имавме реверс, немавме договор, галериите го практикуваат тоа. Не беа репродукции, туку оригинали, изјави сведокот Александар Кртов, сопственик на уметничка галерија.
Тој денеска сведочеше во случајот „Рекет“ и рече дека тој му предложил на Бојан Јовановски да стави уметнички слики во станот во Орман.
Јас му предложив да ставиме некои слики во станот во Орман додека го уредувате. Кај него доаѓаа луѓе и имав идеја да направиме аукција. На ТВ 1 имаше еден серијал „Катерина Велика“ и идејата беше да се прикажат уметничките дела, да се изрекламираат на една тв аукција, а потоа ние да си ги продаваме во галеријата, изјави Кртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.