Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната информативна видео-сесија истакна дека од голема помош ќе бидат податоците за починатите мајка и син кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес, за кои наскоро, како што рече, и ќе се дознае кога настапила смртта и тие податоци ќе бидат битни за тоа што натаму ќе следува во однос на анализата на состојбата со антителата.
– Податоците за нив ќе ни бидат многу битни во однос на тоа што ќе следи, а тоа е како ќе ја анализираме состојбата со антителата, т.н. скрининг на серолошкиот статус на населението генерално, што нема сега да почне, туку малку понатаму, затоа што сме се уште во фаза кога откриваме активни болни, кои можат да го пренесат вирусот и заради тоа е се уште е актуелен, рече Филипче.
Поради тоа оцени дека е добра стратегијата на Комисијата за инфективни болести да се дијагностицираат само пациенти кои имаат симтоми и сите нивни примарни контакти да бидат во одредена изолација и тоа, како што рече, ние како држава генерално го постигнуваме со рестриктивните мерки на движење.
Во тој контекст рече оти се повеќе публикации укажуваат дека има и асимптоматски носители кои можеби се со многу лесни, па дури и поминале практично со никакви симптоми и тие се активни преносители на вирусот и во даден момент тие ќе создадат антитела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.