полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера запреле патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото биле пронајдени се 300 куршуми различан калибар.
Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.