Скопје станува небезбедно место за живеење. Нема ден а да не се случи некој инцидент и граѓаните со право реагираат дека не се чуствуваат сигурно во својот град. Доказ за тоа е последниот инцидент кој се случи во центарот на градот во улицата која води кон плоштадот.
Две момчиња се претепани од двајца напаѓачи. Во видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледа како крвнички ги тепаат дури и додека лежат на асфалтот и недолично им довикуваат. Најзагрозени од оваа појава се младите, посебно во ноќните часови бидејќи стануваат мета на хулиганите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.