Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил пишува дека во моментов три екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје се упатуваат на терен да им помогнат на граѓаните на Кочани.
Тој вели дека 15 пожарникари и 3 возила се ставаат на располагање на тамошните служби.
„Екипата на пожарникари е надополнета со 6 возила (цистерни) за дотур на вода, од скопските комунални претпријатија. Во текот на денешниот ден, скопските пожарникари гасеа 9 пожари во Скопје и скопско, а 2 екипи беа на испомош во Старо Нагоричане.Апелирам до граѓаните внимателно да се однесуваат во овие топли денови. Мало невнимание може да предизвика сериозни последици“, додава Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.