Запленети над 55.000 парчиња пиротехнички средства По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства, информираат денеска од МВР.
Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.
По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.
Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.