Средовечна жена од Скопје била физички злоставувана и силувана од нејзиниот десет години помлад поранешен партнер странски државјанин откако одбила да ја продолжи врската, информираше Министерството за внатрешни работи.
Рано утрото околу 4 часот било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.
Имено во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49-годишната Л.Ј била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на 39-годишниот С.Б од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.
Осомничениот злосторник е приведен во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.