Вчера во 21:45 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“, О.П.(57) од Скопје, превезувајќи се во автобус кој сообраќал на линија број 11, при тргнување на автобусот паднала и се повредила.
Во незгодата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.