Скопјанец е полесно повреден откако вчера сопругата го нападнала со нож. Настанот се случил вчера попладне на улица „Христо Татарчев“.

Како што сооптшија од МВР, В.К.(43) од Скопје била приведена затоа што при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг М.К.(43) од Скопје.

Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. В.К. е обезбедена и пренесена во психијатриска болница.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.