26-годишна скопјанка вчера била приведена откако во населбата Аеродром била агресивна и физички нападнала полицаец, соопшти МВР.

„На 24.12.2021 во 16.05 часот во близина на автобуска станица Скопје на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода Т.Ј.(26) од Скопје затоа што околу 16.00 часот агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.