Во скопската населба Кисела Вода била извршена обљуба над 21-годишна девојка од страна на другар на нејзиното поранешно момче. Девојката го пријавила случајот во полиција.

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба од Д.Ѓ., кој бил пријател на нејзиното поранешно момче. Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во известувањето од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.