Вчера околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје.

Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.