Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Е. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делоа „криумчарење мигранти“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Во четвртокот во 20.30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, при контрола на патничко возило „Алфа Ромео 155“, полициски службеници пронашле пет мигранти (еден од Авганистан и четворица од Пакистан).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.