Скопјанец загинал вчера на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, откако бил прегазен од товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал. Љ.А.(52) од с.Д.Лисиче, скопско, починал на лице место.
Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А..
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.