Едно лице загина вчера околу 15 часот на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(56) од Скопје и патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот.

Во незгодата Т.Б. починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.