Утринава околу 7.30 часот, во тешка сообраќајја несреќа на излезот од Гевгелија животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршиле полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Фото: Миа

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.