На подрачје на Бит Пазар вчера во 17:20 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје.

Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9 мм“, две рамки со по седум куршуми кал. 9 мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, како што се посочува, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.