Млад скопјанец вчера е приведен откако бил фатен како нелегално пренесува мигранти низ Македонија.
Како што соопшти МВР, околу 11:10 часот во близина на бензинската пумпа на магистрален пат Овче Поле-Велес, кај место викано „Делисиска пруга“ ,полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле Љ.А.(26) од Скопје кој управувал патничко моторно возило„порше-каен“ со скопски регистарски ознаки во кое превезувал 12 лица-мигранти од Бангладеш.
Мигрантите се сместни во ПТЦ „Винојуг“ за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе. По целосно документирање на случајот против Љ.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.