Вчераутро на паркинг простор на ул. „Козјак“ во Скопје, Т.Т. (28) од Скопје, управувајќи товарно возило „Фиат Фиорино“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот Д.И. (77) од Скопје.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, по што бил задржан на лекување.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.