Скопјанец уценувал девојка со компромитирачки фоторафии. Осомничениот А.Е. (24) барал 3.000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не ѝ ги објави фоторафиите.

Како што информираат од МВР, лицето е уапсено денеска во трговски центар во Скопје од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје.

Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и ѝ се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.