Едно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила вчера во 15.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајнара незгода се случила помеѓу мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(32) од Скопје и патничко возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(39) од Скопје.

По незгодата, В.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.