Вчеравечер во 22.30 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на „Штипска петља“, патничко возило „хјундаи ИХ35“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(58) од Скопје, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.