Мотоциклист од Скопје, возејќи се на „сузуки“ излетал спротив влезот на Комплексот клиники при што се здобил со тешки телесни повреди.
На 28 декември 2021 во 17.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Мајка Тереза“ и ул. „Владимир Назор“ мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(41) од Скопје, излетал од коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.