Жител на скопско Зелениково го добил назад своето „БМВ“, откако, два дена по крадењето било пронајдено при полициска контрола на магистралниот пат Велес – Штип.

Полициски службеници од Полициската станица Штип, вчера го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека е пријавено за украдено.

Возилото завчера било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од скопско Зелениково – информираат од МВР.

Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.