Триесетипетгодишен скопјанец заработи кривична пријава од тетовската полиција. Како што соопшти СВР Тетово, против Р.И.(35) од Скопје е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

На 16 јануари во Полициската станица Тетово девојка од Тетово пријавила дека Р.И. ѝ се заканувал и ѝ барал да му ги врати парите што претходно ѝ ги праќал како поклон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.