Триесет и осумгодишен скопјанец е пријавен дека се тепал со обезбедувањето во казино.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил синоќа пред казино на подрачјето на Чаир.

„По претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот, вработен како обезбедување и Е.С.(38) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ“, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.