Скопјанец бил пренесен во болница, откако претходно бил лишен од слобода, бидејќи се однесувал агресивно и се обидел да си ја запали куќата во Ѓорче Петров.

„На 11.02.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, шест лица од од ул. „Шар Планина“, пријавиле дека нивниот сосед П.С.(29) агресивно се однесувал и кршел во својата куќа и се обидел да ја запали. П.С. бил лишен од слобода и со возило на Итна медицинска помош бил однесен во болница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.