Вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населба Хиподром – Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј.(64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го прободел А.А. (39) од Скопје.

А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Л.Ј. бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.