Вчера во 09.20 часот било пријавено дека на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од с.Батинци, скопско, удрило во пешакот В.Џ.(71) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.