Вчера во 15,20 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Љ.А.(68) од Скопје со повреди здобиени од пад од велосипед што го управувал во населбата Шуто Оризари. Подоцна, тој им подлегнал на повредите.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велосипедот бил пронајден, а во извршениот разговор соочевидци на настанот тие изјавиле дека лицето се здобило со повреди од пад од велосипед.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.