Освен тоа дека нема траги на нисилна смрт, нема други информации од што починал четириесет и пет годишниот скопјанец, кој бил пронајден во соба во хотел во Охрид.

На 21.02.2020 околу 12,00 часот во СВР Охрид било приајвено дека хотел во населба Коњско, Охрид бил пронајден починат З.М.(45) од Скопје кој работел на реновирање на објектот. Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.