На 14.08.2019 во 19,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Ферид Бајрам“ Џ.К.(60) од Скопје управувајќи моторцикл “Сузуки “ со косовски национални ознаки паднал на коловозот, а потоа бил удрен од патничко моторно возило “хундаи атос“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.