Синоќа околу 22 часот во Полициската станица Центар, Д.Г. (40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот, пред маркет на улица „Рузвелтова“, непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.
Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.