Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Шуто Оризари, Е.И. (20) од Скопје бил нападнат од повеќе непознати лица.

Според пријавата, најпрвин едно од лицата со непозната течност го испрскал во пределот на очите, по што друго лице му нанело убод со остар предмет во пределот на вратот. На Е.И. му била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.