Вчера околу 13 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Н. (64) од Скопје пријавил дека истиот ден околу пладне на ул.„ Ацо Шопов“ бил измамен од непознато лице.

Според пријавеното, непознатото лице дошло во неговото дворно место и му понудило огревни дрва. Откако се договориле за цената и количината тргнале да ги видат и натоварат дрвата.

Набргу потоа, според пријавеното, непознатото лице го оставило И.Н., со изговор дека треба да се врати по камионот. Но, наместо по камионот отишол во домот на И.Н. и од неговата сопругазел 12.000 денари и заминал. Подоцна, И.Н. заклучиле дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.