Вчера во 17:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњската крстосница, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничкото возило „хјундаи“ со скопски таблички, биле пронајдени таблети екстази.

Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.