Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради постоење основано сомнение за кривично дело – убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, извршено на 30 јуни во ресенското село Долно Дупени. Предложен е и притвор за осомниченото лице.
– На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил од живот лицето Мустафа Азис од Горно Количани. Поведената истражна постапка е во врска со пронајден череп и остатоци од човечки труп во фаза на распаѓање, во атарот на Долно Дупени на 27 и 28 јули. Пронајдените остатоци, по наредба на јавен обвинител, беа предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде беше извршена идентификација на починатиот и се утврди дека причината за смрт е насилна и предизвикана од проектил на огнострелно оружје испукан во пределот на тилот на жртвата, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство – Битола, поради опасност од бегство и можност за попречување на постапката и прикривање на доказите, поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.