Дваесет и деветгодишниот И.Н од скопското село Крушопек се здобил со телесни повреди откако претходно бил застрелан од непознат сторител.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, И.Н. во текот на вчерашниот ден околу 18 часот со телесни повреди бил примен на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во разговор со полициски службеници, повредениот изјавил дека додека се движел кон неговиот дом во село Крушопек едно лице испукало еден куршум кон него, кој го погодил во ногата, по што забележал возило кое со голема брзина поминува покрај него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.