Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на поранешниот премиер Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, откри на денешното судско рочиште обвинителот на СЈО Бурим Рустеми, кој од судечкиот совет побара на обвинетиот Груевски повторно да му биде одреден притвор.

Повторно бараме на Груевски да му биде одреден притвор, според член 165, став 1, точка 1, од Законот за кривична постапка, бидејќи тој веќе еднаш избега, па постои ризик тоа да го направи и во иднина, рече обвинителот Рустеми.

Во посочената законска одредба е наведено дека на лице му се одредува притвор ако „се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.