Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци. Според информациите на Независен, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл. По несреќата, итно е префрлен во болница.
Наскоро подетални информации за несреќата.
Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.