Веќе шест дена нема никаква официјална информација за непотврдените информации дека командирот на полициската станица во Виница сторил сѐ да ја сокрие сообраќајната несреќа предизвикана од неговиот син кој бил во алкохолизирана состојба. Официјално од МВР за МКД.мк велат дека за овој случај била испратена внатрешна контрола и дека за наодите од контролата навремено ќе инфомрираат. И така е веќе четири дена.

Во билтенот на МВР на 9 февруари немаше таква информација.

Додека внатрешната контрола безмалку една недела го испитува случајот, неофицијално станува збор за сообраќајка која се случила ноќта меѓу 8 и 9 февруари кога синот на командирот на полициската станица во Виница во алкохолизирана состојба со возило „Ауди а6“, удрил во зградата на полициската станица и оштетил други две возила.

Таткото бил веднаш повикан по што не дозволил да се направи увид, да се пополни записник, да се информира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.