Син на началник на СВР Битола во четвртокот предизвикал инцидент кој во дневниот интерен билтен е заведен со минимизирање на квалификациите за делото, велат полициски извори за „НетПрес“.
Според информациите, нцидентот се случил во четвртокот околу 12.30 часот кога Леонардо Бошковски, синот на полицискиот началник, со неговиот автомобил „алфа ромео“ на улицата „8. Септември“ претекнувал возило „голф“ по што го принудил да запре и со раката ја скршил шофершајбната од сопреното возило. Според изворите на „Нетпрес“, во билтенот на МВР овој инцидент е заведен само како оштетување туѓи предмети, а би требало да биде воден како насилство.
Како што пишува „НетПрес“, ова не е прв инцидент во кој е инволвиран синот на Вангел Бошковски, за кој во Битола се шпекулира дека наводно е именуван со усна наредба од началникот на СВР Битола за одговорно лице на Одделот за спречување илегална трговија со наркотици и оружје, но честопати се доведува во наводна поврзаност токму во такви недозволени дејствија. Но, исто така, се наведува дека тоа не е единствениот случај кога син на полициски началник во Битола предизвикува инцидент, за кој нема епилог.
Така, на самиот крај од минатата година новинарот Зоран Божиновски објави информација дека синовите на началници во СВР Битола предизвикале тешки сообраќајни несреќи.
Божиновски тогаш на својот Фејсбук профил објави информација дека син на началникот на крим-полицијата Битола, предизвикал сообраќајна несреќа додека бил под дејство на алкохол и дрога.
Божиновски, воедно објави фотографии и полициска белешка од настанот.
НАРКО ДЕЧИЊА НА НАРКО НАЧАЛНИЧИЊА
Синот на Началникот на крим полицијата Битола, Николче Ѓоргиевски, со БМВ х6 ДОЦНА СИНОЌА, пијан и ДРОГИРАН предизвикал страшна сообраќајна незгода со повеќе возила.
Пред некој ден синот на Вангел Бошковски, началникот за дрога, Леонардо Бошковски изгазил жена кај болницата во Битола…“ – напиша тогаш Божиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.