Семејството на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми за порталот „Лајм“ ја потврди веста дека неговиот син е ранет од огнено оружје, но демантираат дека Адеми пукал при повредувањето.

Претходно, „Лајм“ објави дека Адеми без да има намера, го ранил синот со огнено оружје на свадбена веселба. Семејството Адеми тврди дека повредата е од заталкан куршум.

Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Едното од двете повредени лица ноќеска е сместено во тетовската болница, додека другото  е пренесено на скопските клиники.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.