На 02.10.2021 во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Г.Ц.(49) од Тетово, постапувајќи по пријава во 01.45 часот од М.Ц. (35) од Тетово дека физички ја нападнал и упатувал закани со остар предмет. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка.

На 01.10.2021 во 11.30 часот во СВР Скопје Т.К.(39) од Скопје пријавила дека на 17.09.2021 околу 22.30 часот во населба Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од К.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2021 во 03.05 часот во СВР Скопје В.К.(60) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот во хотел на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Д.(46) од Скопје, по што во 08.00 часот Б.Д. пријавил дека околу 07.00 часот пред хотелот бил физички нападнат од едно лице кое било обезбедување во хотелот. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.10.2021 во 23.55 часот во СВР Скопје Д.Т.(36) и А.Ѓ(27), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 23.40 часот во близина на здравствена установа на подрачје на Аеродором биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2021 во 14.00 часот во СВР Штип А.А.(43) од Штип пријавил дека во Штип бил физички нападнат од Н.Д. и М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2021 околу 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во Велес дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.Џ.(66) и В.П. од една страна и Б.П. од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2021 околу 18.00 часот во Полициска станица Кавадарци З.Ч.(51) од Демир Капија пријавил дека околу 14.30 часот во објект во Кавадарци по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ј.П. од с.Тремник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2021 во 11.00 часот во СВР Тетово Ф.И.(36) од Тетово пријавил дека околу 08.15 часот во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од  Б.Х.(43) од Тетово. Сочинет е записник за констатиран прекршок од ЗППЈРМ.

На 01.10.2021 во 18,00 часот во  Гостивар од полициски службеници од слобода се лишени  И.М.(63) и П.М.(34) двајцата од Гостивар по претходна пријава во 17,20 часот од О.Р.(37) од Гостивар дека околу 15,15 часот во Гостивар по претходно недоразбирање околу сообраќајот тој и неговиот татко биле физички нападнати од пријавените. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.10.2021 во 21,45 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода Х.Ш.(41) од Гостивар по претходна пријава од неговиот татко Ф.Ш.(72) од Гостивар дека околу 21,30 часот во Гостивар пријавениот со тврд предмет удирал по предмети во домот при што ги повредил пријавителот и неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.